(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот
Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, а од денес пристигна и во Македонија и донесе снег на планините, особено во западните и во северозападните предели од Македонија. Во продолжение погледнете ја снежната бајка која доаѓа од Лабунишки Бачила, Јабланица, Струшко
Снег има и на Скијачките центри, односно на Попова Шапка.
Врнежи од дожд и снег на планините ќе има и денес, како и во следните денови, особено за време на викендот кога очекуваме нови поинтензивни врнежи. На планините, особено на оние со поголема надморска височина, и особено во западните и во северозападните предели ќе се формира и снежна покривка.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат. На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и [...]