ВЕЛИКИ ПЕТОК 2026: Наутро ладно и слаб мраз, преку ден сончево
На ден Велики петок 2026 во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на умерена локална облачност и со повремено засилен ветер од северен правец кој ќе биде најизразен во Повардарието. Наутро ќе биде ладно со појава на слаб мраз на повеќе места и со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 7 степени.
Посвежо ќе биде и преку денот со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.
Во Скопје и околината на ден Велики петок 2026 времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност и со повремено засилен ветер од северен правец. Наутро температурата ќе се спушти до околу 2 степени а максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 16 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Сабота 13 Јуни 2026 во Македонија ни донесе претежно ведро и доста свежо време со температури под просекот за месец јуни. На повеќе места во Македонија утрово температурите се спуштија под 10 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија, тоа значи дека ветерот од северен правец краткотрајно се стиши, а повторно повремено засилен ветер од [...]


by