Вечерва значително ладно во најголем дел од Македонија, снег има во делови и од градовите, а на Скијачките центри до околу половина метар снег!

Вечерва е значително ладно и претежно облачно речиси насекаде во Македонија. Особено во западната половина има послаби локални врнежи кои се од дожд или од дожд и снег во градовите, и само од снег на планините  и на Скијачките центри. Да напоменам дека денес (вторник) поради ладното време во котлините со магла, особено во Пелагониско имаше и послаби локални врнежи од снег.

Вечерва до 19 часот највисока снежна покривка од 49 сантиметри е измерена на Попова Шапка, а во Маврово таа изнесуваше 41 сантиметер.

На табелата можете да ги погледнете температурите измерени вечерва до 19 часот по градови и места низ Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.







Занимливости