Вечерва најстудено од градовите во Крушево, најмногу снег, скоро половина метар на Попова Шапка

Вечерва до 19 часот најстудено од градовите беше во Крушево со измерени 2 степени, додека највисока температура во исто време е измерена на Скопје Петровец, и тоа 9 степени. Највисока снежна покривка е измерена на Попова Шапка, и тоа 45 сантиметри, 32 сантиметри во Маврово, и 9 сантиметри во Крушево.

Најмногу дожд во изминатите 12 часа наврна во Претор, и тоа 2 литри воден талог на метар квадратен.

На табелата можете да ги погледнете  и останатите температури измерени вечерва до 19 часот по градови и места во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.







Занимливости