ВЕЧЕРВА МНОГУ СТУДЕНО ВО МАКЕДОНИЈА: Измерени минусни температури, од утре (понеделник) дожд и снег!

Вечерва е многу студено речиси насекаде во Македонија, и тоа поради спуштањето на уште постудена воздушна маса од север и од североисток. Најниска температура вечерва до 18 и 30 часот е измерена во Берово, и тоа -2 степени. Сепак, на високите планини е уште постудено, па така на Попова Шапка температурата вечерва до 18 часот  и 30 минути изнесуваше -3 степени.

На картата можете да зебележите дека на многу места вечерва температурата е под 5 степени, или близу 0 степени.

Од оваа ноќ облачноста ќе се зголеми, па така со ова следува период на променливо и многу постудено време со повремени локални врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе има повремен снег, па така не се исклучува можноста на планините да се формира  и првата снежна покривка за оваа сезона.

Не се исклучува можноста во следниот период снежната граница да се спушти и пониско, односно под 1000 метри надморска височина, па така локално првите снегулки би можеле да се појават и на повисоките населени места.







Занимливости