Вечерва имаме поладно време во Македонија, измерена најниска температура од -4 степени
Вечерва и покрај повеќето облачност во Македонија, сепак имаме поладно време и пониски температури на воздухот на повеќе места низ државава, и тоа за разлика од изминатите вечери. Најстудено до 19 часот во Македонија беше на Попова Шапка со – 4 степени.
Од градовите најстудено во исто време беше во Крушево со измерени 0 степени, во Скопје температурата изнесуваше 5 степени, а највисока температура вечерва до 19 часот е забележана во Гевгелија, и тоа 9 степени.
На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени по градови и места во Македонија вечерва до 19 часот, и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија беше исклучително ладно, па така до 7 часот утринава најладно беше во Берово со измерени -9 степени, а највисока минимална температура во исто време беше измерено во Охрид, и тоа 1 степен над нулата и тоа поради облачноста која се задржа во овој дел од Македонија. Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и [...]