Вечерва и не е многу ладно, а е претежно облачно низ нашата Македонија
Вечерва во Македонија речиси насекаде имаме позитивни температури на воздухот, а времето е умерено, локално и значително облачно, а во западните предели се забележани и слаби локални врнежи од дожд. Повремено и локално дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

На картата можете да ги погледнете температурите измерени низ Македонија вечерва до 21 и 30 часот. Може да се види дека најладно е во Маврово со 0 степени, а највисока температура имавме во Демир Капија каде се измерени 9 степени.
Висината на снежната покривка вечерва изнесува 31 сантиметар на Попова Шапка и 9 сантиметри во Маврово.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Поради интензивните врнежи од дожд и силните ветрови што ја погодија Лигурија, во тој италијански регион беа регистрирани околу 252 интервенции на пожарникари. Најголем број интервенции имаше во Џенова, каде што врнежите достигнаа 95 мм за 12 часа. Прогнозите предвидуваат понатамошно влошување на временските услови, со повеќе врнежи во наредните часови, објавува RAI Uno. Во областа Алта Версили, во [...]

by