ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА НА (ЦУК): Моментална состојба со пожарите на отворено во Македонија

Важна информација на Центарот за управување со кризи (ЦУК)

Состојба со пожарите на отворен простор 30.7.2024
Територијата на фронтот на пожарот во Светиниколско е многу широк, но во овој момент населени места не се во опасност. Пожарот над Прилеп е ставен под контрола.
Во Свети Николе на терен се пожарникарите, а во приправност има доволен број на припадници на Армијата кои се вклучуваат по барање на локалните командири. Од воздух ќе делува еден армиски хеликоптер Ми 17 и три ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување.
Пожарот над Прилеп во голем дел е ставен под контрола, доцна во ноќта спасен бил манастирот. Позади сртот на Маркови кули пожарот е поделен во два крака и во моментов се интервенира да се стават и овие жаришта под контрола и да се изгаснат, има доволен број на луѓе на терен, а воздушна подршка засега не е потребна.
Вчера на територијата на цела држава регистрирани беа 42 пожари на отворено и шумски пожари, од кои 17 се активни, 4 се под контрола, а 21 е изгаснат.







Занимливости