Уживајте во сонцето до утре (среда), од четврток пад на температурите, позначителен пад на истите за викендот со врнежи од дожд, на планините можен е и снег!
До утре (среда) уживајте во сонцето, во релативно летните температури во текот на денот, или пак како што ние Метео Прогнозерите го кажуваме Мини Лето. Од четврток облачноста ќе се золеми и ќе има локални послаби врнежи од дожд.
Локално пообилни врнежи ќе има за време на викендот. Температурите од четврток ќ бележат тенденција на опаѓање, а особено ниски тие ќе бидат за време на викендот, кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 7 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 9 до 18 степени.
Поради продорот на значително постудена воздушна маса од истокот и од североистокот на Европа, за време на викендот на планините над 1600 метри надморска височина ќе има и врнежи од снег.
И во Скопскиот регион од четврток облачноста ќе се зголеми па во деновите потоа, како и за време на викендот ќе има услови за повремен локален дожд.
Сето ова, особено за време на викендот ќе биде проследено и со ветер од југоисточен правец, кој особено ќе засилува на интезитет во горниот дел од Повардарието.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Поради интензивните врнежи од дожд и силните ветрови што ја погодија Лигурија, во тој италијански регион беа регистрирани околу 252 интервенции на пожарникари. Најголем број интервенции имаше во Џенова, каде што врнежите достигнаа 95 мм за 12 часа. Прогнозите предвидуваат понатамошно влошување на временските услови, со повеќе врнежи во наредните часови, објавува RAI Uno. Во областа Алта Версили, во [...]


by