УТРОВО МНОГУ СТУДЕНО ВО МАКЕДОНИЈА: Најниската температури се спушти дури до -4 степени!

Утринава во Македонија времето е ведро и значително студено со потпросечни температури на воздухот, па така во Берово до 8 часот е измерена температура дури од -4 степени.

На табелата можете да ги погледнете  и останатите температури измерени утринава до 8 часот, и тоа на мерните станици на УХМР.

Инаку денес останува стабилното и суво време, додека од утре (четврток )полека ќе потпаѓаме под влијание на циклонот кој е со центар над Џеновскиот залив, со ова исто така ќе потпаднеме и под влијание на јужно воздушно струење, па така утринските температури значително ќе се покачат, а повремено ќе дува засилен јужен ветер.

Утре (четврток) од запад облачноста ќе се зголемува и во западните предели ќе има повремен локален дожд кој од петок и за време на викендот ќе се прошири во поголем дел од Македонија и локално ќе биде пороен и проследен со грмежи, силен ветер, локално и во вид на невреме, па така е можна и појава на град.

Детална анализа околу оваа нова промена на времето очекувајте во следните мои метео објави.







Занимливости

  • 24 Мар 2025

    Во изминатите 24 часа речиси насекаде во Македонија имаше врнежи од дожд со променлив интензитет, што значи дека повремено врнежите беа пообилни. Најмногу дожд во последните 24 часта, односно до 7 часот утринава наврнаа во Лазарополе, и тоа 29 литри на метар квадратен дожд. На табелата можете да ги погледнете измерените минимални температури во текот на денешното утро, односно [...]