Утрово исклучително ладно време низ Македонија – Измерени -12 степени!
Денешното утро во Македонија беше исклучително ладно и ведро, но на повеќе места имаше и појава на позначителна облачност, или појава на магла. Најладно до 7 часот утрово беше во Берово каде беше измерена температура од дури -12 степени. Највисока минимална температура пак во исто време е измерена во Охрид и во Гевгелија, и тоа -1 степен.
На табелата можете да ги погледнете и останатите минимални температури измерени по градови и места утрово до 7 часот низ Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.
Инаку, утрово снежната покривка изнесуваше висина од 53 сантиметри на Попова Шапка, 45 сантиметри во Маврово и 29 сантиметри во Крушево. На табелата можете да погледнете колку сантиметри снежна покривка има и во останатите градови низ Македонија.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Полека од север кон нашата Македонија пробива влажниот и ладен воздух, кој понатаму ќе условува кај нас врнежи од дожд, снег, северен ветер, како и зголемување и проширување на снежната покривка. На картата можете да ги погледнете измерените температури во овие рани утрински часови низ нашата Република Македонија.