Утрово имаме локални врнежи од дожд, а и е релативно натпросечно топло!
Утринава во нашата Република Македонија имаме претежно облачно време, а локално има и врнежи од дожд, додека снег врне само на високите планини. Претежно е тивко и без ветер, а во дел од котлините и по речните долини има појава на магла или ниска облачност.
Снежната покривка пак ова утро изнесува 27 сантиметри на Попова Шапка.

На табелата можете да ги видете температурите измерени по градови и места низ Македонија ова утро и тоа до 7 часот, на мерните станици на УХМР.
Може да се види дека најниска минимална температура ова утро од градовите е измерена во Крива Паланка, и тоа 1 степен, додека највисока температура утринава е измерена во Гевгелија, и тоа 9 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by