Утрово и не е премногу ладно, додека целиот овој викенд не очекува преубаво и топло време, температури до околу 25 степени!
Денешното утро (сабота 8 март) ни носи ведро и не премногу ладно време, а во западните предели во моментов има појава на умерена облачност. Претежно е тивко и без ветер.

На Метеоролошката карта можете да ги погледнете температурите измерени низ Македонија ова утро, и тоа до 6 часот.
Инаку, викендов ни следува повторно натпросечно топло и претежно сончево време, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 25 степени, додека во Скопје и околината таа ќе се искачи до близу или околу 25 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден понеделник 16-ти март 2026 во Македонија помина во знакот на вистинско пролетно сончево и релативно топло време со релативно пролетни температури на воздухот. Имаше и појава на мала до умерена локална облачност а дуваше и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Најтопло со 19 степени до 16 часот попладнево беше на Скопје Петровец. На табелата која [...]


by