УТРИНАВА ВО МАКЕДОНИЈА БЕШЕ НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО: Измерени се температури дури од под 5 степени
Денешното утро во Македонија беше невообичаено студено, иако сме сеуште календарски лето. Најниска температура утринава од градовите е измерена во Берово, и тоа само 4 степени.

Најтопло утринава беше во Гевгелија со измерени 11 степени во 8 часот. На табелата може да забележиме дека на Попова Шапка утрово беше измерена температура од само 3 степени. Во изминатите 24 часа најмногу воден талог наврна во Куманово, и тоа 7 литри на м/2. На табелата исто така можете да ги видите и другите температури измерени утринава во 8 часот низ Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (Сабота 15 ноември) во нашата Република Македонија помина во знакот на натпросечно топло време за овој период од годината и со стабилно, суво и претежно сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Нашата Македонија е под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој од југ и југозапад продира кон нашиот дел од [...]


by