Утринава имаме повисоки минимални температури: До крајот на денов ќе имаме послаби локални врнежи и облачно време
Ова утро во Македонија имаме претежно облачно време со повисоки минимални температури, кои речиси насекаде се позитивни, односно над нулата. Локално се забележуваат слаби врнежи од дожд. Претежно е тивко.

На картата можете да ги погледнете температурите измерени низ Македонија ова утро. Може да забележите дека најладно со -1 степен е во Берово, додека на Скопје Петровец и во Гевгелија се мерат 7 степени.
До крајот на денов ќе има локални послаби врнежи од дожд, а на планините над 1500/1600 метри ќе има провејување на слаб снег.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во текот на оваа ноќ и утре (Вторник 11 ноември) во претпладневните часови на повеќе места во нашата Македонија продолжуваат врнежите од дожд а исто така од север ќе продре поладен воздух проследен со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет. Поради падот на температурите на високите планински места (над 2000 метри надморска височина) ќе има провејување [...]

by