Утре во Македонија нов влажен бран кој ќе донесе нови врнежи од дожд – Овој пат повторно ќе забелат планините над 1400-1500 метри
По денешниот претежно стабилен и сув ден со повеќе сончеви периоди, но релативно поветровит за разлика од изминатите неколку денови, веќе во текот на претстојната ноќ, према утрешните рани утрински часови, како и утре повторно во Македонија очекуваме нови повремени врнежи од дожд. Локално врнежите повторно ќе бидат нешто пообилни, а ќе има услови и за ретка појава на грмежи.
Овој пат на планините со надморска височина од над 1400-1500 метри ќе има и повремени врнежи од снег, а на повисоките планини ќе се формира нова помала снежна покривка. Утре ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец, и истиот Долж Повардарието повремено ќе биде засилен на интензитет.
Повремени врнежи од дожд утре ќе има и во Скопскиот регион.
Што се однесува до температурите, утре тие ќе бидат на кратко нешто пониски за разлика од денес и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени. Во Скопје температурата утре ќе се искачи до околу 15 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро (Велика сабота 19 април) во Македонија ни донесе сончево време со релативно високи температури на воздухот, а такво време не очекува целиот овој празничен викенд. На табелата можете да ги погледнете денешните минимални температури измерени по градови и места во нашата Република Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.