Утре (ВЕЛИГДЕН) Потопол ден – Попладне изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Утре (Велигден) не очекува потопло време за разлика од денес, со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени. Сепак и покрај сончевото време, Атмосферата нема да биде во целост стабилна, па така во попладневните часови се очекува изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје и околината утре на ден Велигден времето ќе биде стабилно, суво и сончево. Попладне сосема се мали условите за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.
Максималната температура утре во Скопје ќе се искачи до околу 24 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Климатскиот феномен Ла Ниња под кое влијание сме во моментов, во следните месеци, односно во летните и есенските месеци повторно ќе добие на интензитет, односно ќе се интензивира. Што значи тое? Тоа значи дека во следните летни и есенски месеци ни следуваат нови нагли и големи метеоролошки промени, исто така, очекуваме и се по екстремни метеоролошки појави и временски [...]
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза