Утре (Среда) потопло преку ден – Додека утрешната ноќ кон четврток носи нови врнежи од дожд, но и снег на планините на запад над 1400-1500 метри
Утре преку ден очекуваме во Македонија времето да биде потопло, но и со повеќе сончеви периоди. Сепак во попладневните часови ќе има услови за локален слаб дожд, а ќе дува и умерен, повремено и локално засилен ветер од југозападен правец. Утре наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 13 степени, додека на високите, како и на планинските места ќе биде нешто постудено.
Максималните дневни температури на воздухот утре ќе бидат повисоки за разлика од денес и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Сепак утрешната ноќ носи нови врнежи од дожд од запад, но на планините во западните предели со надморска височина од над 1400-1500 метри, и тоа поради падот на температурите врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи ќе има и во четврток.
Во четврток повремени врнежи од дожд очекуваме и во Скопје и околината.
Конечно постабилно и пролетно топло време можеме да очекуваме од петок (26.4.2024).
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во текот на оваа ноќ и утре (Вторник 11 ноември) во претпладневните часови на повеќе места во нашата Македонија продолжуваат врнежите од дожд а исто така од север ќе продре поладен воздух проследен со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет. Поради падот на температурите на високите планински места (над 2000 метри надморска височина) ќе има провејување [...]

by