Утре (петок) краткотрајна стабилизација на времето, но и поголем пораст на температурите
Утре кај нас во Македонија очекуваме краткотрајна стабилизација на времето, иако ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Сепак и покрај ова, во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Утре преку ден температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.
Од сабота веќе, и тоа кон крајот на денот и во текот на ноќта кон недела, влегуваме во нов период на многу нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи, силен ветер и невреме.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро (Велика сабота 19 април) во Македонија ни донесе сончево време со релативно високи температури на воздухот, а такво време не очекува целиот овој празничен викенд. На табелата можете да ги погледнете денешните минимални температури измерени по градови и места во нашата Република Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.