Утре (недела 23 март) влажен бран ни носи врнежи, но и засилен јужен ветер!

Под влијание на влажен воздушен бран од запад, утре (недела 23 март) ќе започнат повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, а повремено и локално и со умерен интензитет. Локално ќе наврнат околу 10 литри дожд на метар квадратен. И во Скопје и околината утре (недела 23 март) ќе започнат повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец (повремено и локално со брзина до околу 60 км/час). И во Скопје и околината ќе започне да дува повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие утре (недела 23 март) наутро ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 8 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени. Во Скопје  и околината утре (недела 23 март) наутро температурата ќе се спушти до околу 3 степени, а преку ден таа ќе се искачи до околу 16 степени.







Занимливости