УТРЕ ИЗУТРИНА ПОВТОРНО ЕКСТРЕМНО СТУДЕНО: Температурите ќе паднат и до околу -20 степени!
Претстојната ноќ во Македонија повторно ќе биде екстремно студена и ведра. На многу места температурата ќе се спушти до околу -10 степени, понекаде и до -15 степени.
Ќе има места, особено Битолкскиот и Беровскиот регион каде што температурата ќе се спушти до околу -20 степени.
Потоа во следните денови студот малку ќе попушти, особено во текот на денот, иако и понатаму ќе биде релативно студено. Многу студено ќе остане наутро кога температурите понекаде повторно ќе се спуштаат до околу, па и под -10 степени.
Инаку екстремно студено е и во регионот, па така во делови од Босна температурата се спушта и под -23 степени.
Некои нови обилни врнежи од снег барем засега не се очекуваат.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Снежниот бран во Македонија ќе продолжи и во текот на претстојната ноќ, како и утре (понеделник). Но, до 16 часот од градовите највисока снежна покривка има во Штип, и тоа 30 сантиметри, додека од Скијачките центри скоро 70 сантиметри снег има на Попова Шапка. Температурите денес речиси насекаде се задржаа под нулата, а на планинските и Скијачките центри максималните [...]