Утре (четврток) и во петок поголеми услови за врнежи, грмежи и за локално невреме во Македонија

Почитувани, влијанието на циклонската активност која е со центар источно и југоисточно од нас најмногу ќе ја почувствуваме утре (четврток) и во петок, кога во попладневните  и во вечерните часови на повеќе места во Македонија ќе се развиваат грмотевични облаци кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Оваа циклонска активност локално ќе услови и поинтензивни атмосферски процеси (во форма на невреме), проследено со силен ветер и со услови за појава на град.

И во Скопје  и околината утре и во петок во попладневните  и во вечерните часови ќе има појава на повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.  Во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме, проследено со силен ветер и со услови за појава на град.

Што се однесува до температурите, во овие два дена тие ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени. Во Скопје температурата ќе се искачи до околу 33 степени во текот на утрешниот ден, додека во петок ќе биде пониска за некој степен и ќе се искачи до 31 степен.

Апелираме во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

 







Занимливости