Уште во првата седмица од август се поизвесно е големото заладување на Балканот, но и снегот во Алпскиот регион!
Уште во текот на првата седмица од август месец, се поголеми се условите на Балканот да пристигне голем пад на температурите, и продор на значително постуден воздух од север, кој ќе го донесе и снегот во Алпскиот регион, а можен е и на највисоките планински врвови во Словенија.
Исто така, првата седмица од август ни носи и се поголеми услови за временски непогоди во регионот, но не и во Македонија. Дали ние повторно ќе се спасиме од големи дождови и невреме, останува да видиме како ќе се одвиваат работите понатаму. Едно е сигурно, падот на температурите доаѓа, и најмногу тоа ќе го почувствуваат земјите од регионот, кој од летни, ќе се префрлат на есенски температури.
Ние во Македонија, освен многу помалку дожд, ќе имаме и малку помал пад на температурите за разлика од регионот, но падот на истите значително ќе се почувствува и кај нас уште во првата седмица од август. Особено значително пониски ќе бидат минималните утрински температури, а далеку попријатни ќе бидат и максималните дневни температури на воздухот.
Август месец ни носи и лето, и есен, врнежи и временски непогоди, па дури и снег. Ако изминатите години снегот во Алпскиот регион се појавуваше во есенските месеци, оваа година тој веќе се појави овој месец, а нови поинтензивни врнежи од снег на алпите се очекува и во август.
Детална анализа околу ова заладување, и кави температури ќе имаме ние во првата седмица од август, но и точно какво време не очекува, ќе дознаете деновиве, кога многу работи ќе бидат појасни.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by