Уште од утринава имаме невообичаено топло, спарно и многу мачно време!
Денешните минимални температури во нашата Република Македонија насекаде се невообичаено високи за овој период од годината, и уште од утринава речиси насекаде тие надминуваат 10 степени. Повремено дува силен ветер од јужен правец.

На Метеоролошката карта можете да ги погледнете и температурите измерени низ Македонија ова утро и тоа до 7 часот.
Да напоменам дека и понатаму во Атмосферата е присутно позначително количество на Сахарска прашина и песок, па може да се запримети дека Атмосферата е позначително заматена, а времето е многу мачно и спарно.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден понеделник 16-ти март 2026 во Македонија помина во знакот на вистинско пролетно сончево и релативно топло време со релативно пролетни температури на воздухот. Имаше и појава на мала до умерена локална облачност а дуваше и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Најтопло со 19 степени до 16 часот попладнево беше на Скопје Петровец. На табелата која [...]

by