Уште денес (сабота 5 април) релативно топло време!
Уште денес (сабота 5 април) останува релативно топло времето и променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, засилување на ветерот во зоната на нестабилност, како и со услови за ретка појава на грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец.
И во делови од Скопскиот регион попладнево ќе има услови за ретка појава на краткотраен пороен дожд.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, а во Скопје и околината максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи исто така до околу 20 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Сабота 13 Јуни 2026 во Македонија ни донесе претежно ведро и доста свежо време со температури под просекот за месец јуни. На повеќе места во Македонија утрово температурите се спуштија под 10 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија, тоа значи дека ветерот од северен правец краткотрајно се стиши, а повторно повремено засилен ветер од [...]


by