ТУРБУЛЕНТНО ВРЕМЕ: Од 30 степени, одиме на минусни температури и снежни врнежи!
За време на овој викенд, особено во недела (16 март) и во понеделник (17 март) и тоа поради влијание на висински циклон западно од нас, во Македонија ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста и за локална појава на град и поинтензивни Атмосферски процеси, во форма на невреме.
И во делови од Скопскиот регион за време на овој период ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Што се однесува до температурите, тие од недела (16 март) ќе започнат да опаѓаат, па така во понеделник на планините со надморска височина од над 1500 / 1600 метри ќе има појава на повремен снег.
Најтопло ќе биде утре (сабота 15 март) кога температурите насекаде ќе надминуваат 20 степени, а на многу места тие ќе се искачат до околу, па и над 25 степени, а во Повардарието истите ќе се искачат дури до околу 30 степени.
До вторник (18 март) температурите очекувам да бидат пониски од сегашните дури и за повеќе од 20 степени, што значи дека зимата и многу ниските температури ни се враќаат на голема врата, а со овој многу ладен продор од север ќе дува силен северен ветер, проследен со локални врнежи кои ќе преминуваат во снег.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Како што претходно најавив, пред нас е ладна ноќ, а и утрешното утре (петок 21 март) ќе биде ладно со појава на умерено до јаки мразеви, и со температури кои буквално насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата. Времето ќе биде целосно ведро и без облачност, како и претежно тивко. Н следната метеоролошка карта можете да ги погледнете [...]