ТРИДНЕВНА МЕТЕО АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Погледнете какво време не очекува од утре, па се до среда
Продолжува периодот на стабилно, суво и претежно сончево време во Македонија и во следните три денови, односно во периодот од понеделник до среда. Температурите остануваат рано-летни и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Само денес на повеќе места ќе биде ветровито, односно ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а попладнето е можна појава и на сосема слаб, локален и краткотраен дожд (ништо сериозно).
Во Скопје исто така продолжува стабилното, суво, топло и сончево време, со засилување на ветерот од северен правец до крајот на денешниот ден. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 26 и 28 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]

by