ТОПОЛ ВОЗДУХ ОД ЈУГ – ОД УТРЕ ПА НАТАМУ ЗНАЧИТЕЛНО ТОПЕЊЕ НА СНЕГОТ НА ПЛАНИНИТЕ, ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА НИВОАТА НА РЕКИТЕ И НА ЕЗЕРАТА! ВАЖНИ СОВЕТИ…

Во Македонија и тоа под влијание на Антициклон (висок воздушен притисок) времето во следните денови, вклучувајќи ја и целата седмица која што ни претстои ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност. Денес ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Исто така денес од север облачноста краткотрајно ќе се зголеми кај нас и особено на планините ќе провејува слаб снег. Потоа од утре времето ќе биде стабилно и со многу сонце, но и температурите ќе бидат се повисоки, како наутро така и преку ден.

Натпросечно високи температури ќе имаме во текот на  седмицата која што ни претстои кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време.

НАПОМЕНА: Поради продорот на потопол воздух од југ, во текот на новата седмица ќе дојде до ПОЗНАЧИТЕЛНО топење на снежната покривка на планините и на Скијачките центри. Токму поради ова очекуваме и постепено зголемување на нивоата на реките и на езерата низ Македонија, особено во западните и во северозападните предели, каде на планините има најмногу снег. Можно е и нивно локално излевање – Во случај на излевање на истите препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

Совет до сите лубители на скијањето: Искористете го снегот на Скијачките центри додека го има доволно, во следниот период снежната покривка ЗНАЧИТЕЛНО ќе се топи, особено од утре па натаму.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости