Топол бран од југ во нашата Македонија, измерени се максимални 27 степени!
Денешниот ден четврток (13 март) во нашата Република Македонија помина во знакот на постабилно и претежно суво време, особено од пладневните часови. Повремено дуваше силен ветер од јужен правец, додека температурите и понатаму беа невообичаено високи за овој период од годината, па така најтопло денес беше на Скопје Петровец со измерена максимална дневна температура од 27 степени.

На Метеоролошката карта можете да ги погледнете денешните максимални дневни температури измерени низ Македонија.
Да напоменам дека и денес од Сахара кон нашата Македонија се вршеше транспорт на прашина и песок со што и Атмосферата беше позначително заматена, а времето беше мачно и спарно. Сето ова е поради ислното јужно и југозападно струење на висина.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (Сабота 15 ноември) во нашата Република Македонија помина во знакот на натпросечно топло време за овој период од годината и со стабилно, суво и претежно сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Нашата Македонија е под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој од југ и југозапад продира кон нашиот дел од [...]


by