ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Во Македонија имаме многу топло време!

Територијата на нашата Република Македонија денес (петок 29 август) беше под влијание на топла  и сува воздушна маса од југ, односно од Африка. Токму оваа топла воздушна маса условува да имаме температури кои се натпросечно високи за овој период од годината, истите се значително над просекот  и тие се повисоки за 4 до 8 степени од просечните. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Најтопло попладнево беше во Скопје Петровец со измерени 36 степени.

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени попладнево во нашата Македонија. Може да се види дека насекаде кај нас е многу топло а температурите во најголем дел од нашата Македонија надминаа 30 степени.







Занимливости

  • 21 Мај 2026

    Под влијание на циклонска активност со центар југоисточно од нас, во деновите петок, сабота  и недела (22/23/24 Мај 2026) во Македонија повторно очекувам поголема дестабилизација на атмосферата. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно на повеќе места со појава на пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен и од североисточен правец. Локално атмосферските процеси [...]