Топол Антициклон од југ ни носи натпросечно топло време во Македонија
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна, сува и релативно топла воздушна маса од југ, до крајот на неделава времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и со многу сонце. Денес и утре (четврток 26 февруари 2026) особено во Повардарието и во источните предели повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец.
И во Скопје и околината до крајот на неделава ќе имаме стабилно и суво време со многу сонце а денес и утре (четврток 26 февруари 2026) повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат над просекот за самиот крај на месец февруари и тие ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 14/15 степени. Наутро и понатаму ќе биде релативно ладно со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени и на повеќе места во Македонија ќе има појава на слаб мраз, а преку денот времето ќе биде пролетно.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by