Топлотниот Африкански бран во Македонија ќе се задржи до вторник!

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ (северните предели на Африка), времето во Македонија се до вторник ќе биде многу топло со натпросеочно високи температури на воздухот кој насекаде ќе надминуваат 30 степени, понекаде тие ќе надминуваат и 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели ти ќе достигнат до околу 40 степени. Ув индексот ќе има многу висока вредност (вредност 8).

Токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат што повеќе течности.

Сепак Атмосферата нема да биде во целост стабилна, па така ќе има услови за изолирана појава на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови.

Во Скопје времето ќе биде слично, со температура која ќе се искачува во интервалот помеѓу 35 и 36 степени.

Овој топол Африкански бран нашата територија ќе започне да ја напуша од среда па натаму, кога и температурите ќе опаѓаат. Повеќе, но и попрецизни информации околу ова следуваат во следните објави на овој наш метеоролошки медиум.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости