ТОПЛО, НО НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ И ВО ПЕРИОДОТ ПРЕД НАС – ОВАА Е НАЈНОВАТА МЕТЕО АНАЛИЗА…

објавено на:

19 Апр 2023

од:

сподели:

Во следните неколку денови, вклучувајќи го и викендот во Македонија ќе имаме ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО време, и тоа поради продор на уште потопла воздушна маса од југ. Температурите насекаде ќе надминуваат 15 степени, на повеќе места истите ќе се искачуваат и до околу 20 степени, а во централните и во југоисточните предели и до околу 23, 24 степени.

Времето и понатаму ќе биде променливо, во претпладневните часови со повеќе сончеви периоди, додека од пладневните часови ќе има појава на повремени локални врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОРОЈНИ и проследени со појава на грмежи, засилување на ветерот, а има услови и за ретка појава на суградица и на град. Особено во вечерните и ноќните часови во западните и северозападните планински и највисоки врвови можна е појава и на КРАТКОТРАЈНИ ВРНЕЖИ ОД СНЕГ.

Во Скопје  и околината исто така времето ќе биде променливо со повеќе сончеви периоди во претпладневните часови. Од пладневните часови ќе има услови за повремен локален дожд, ретки грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилноста. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 17 и 19 степени.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости