Топлиот бран од Шпанија доаѓа во Македонија – Ни доаѓаат 42 степени!
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, однсно од Африка, која е поврзана со поле на висок воздушен притисок, следува долг период на стабилно,суво, сончево и многу топло време во нашата Република Македонија (многу топол и сушен период) кој носи опасност од појава на шумски пожари.
Што се донесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени, додека од викендот, како и во наредната седмица во Повардарието температурата ќе се искачи до околу 42 степени. Слични температури очекувам и во Скопскиот регион.
За време на овој многу топол бран ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а Ув индексот ќе има многу висока вредност 9. Токму поради ова, апелирам, граѓаните, особено оние возрасните, без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) но и да пијат повеќе течности.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Облачно со релативно високи температурите е денешното утро во нашата Македонија а локално се бележат и послаби врнежи од дожд а само на високите планини во западните предели провејува снег. Најмногу дожд до 3 часот утрово има наврнато во Гевгелија и тоа 15 литри дожд. На првата метеоролошка карта можете да ги видите температурите измерени во овие утрински часови [...]


by