ТОА ШТО ВО МОМЕНТОВ ГО ЦРТААТ ПРОГНОСТИЧКИТЕ МОДЕЛИ ЗА ВТОРАТА ПОЛОВИНА ОД ОВОЈ МЕСЕЦ ВООПШТО НЕ Е ДОБРО: Дали касните зимски продори допрва ни доаѓаат?!
Јас постојано ја следам состојбата со прогностичките модели околу можните касни зимски продори од средината, како и во втората половина на овој месец на Балканот, вклучувајќи ја секако и нашата Македонија.
Според она што моментално е достапно на истите, тоа е пообилен снег на планините и формирање на снежна покривка во регионот, како и на планинските места во Македонија, но и голем пад на температурите на воздухот кој ќе бидат потпросечни за месец Април.
Сето ова е поради можниот продор на ладен воздух од северот и од северозападот на Европа кон нашите краишта, веднаш по 15 Апарил. Дури можно е снежната граница да се спушти понекаде и во пониските места во регионот (градовите).
Што се однесува до времето до среда, уживајте во прекрасното стабилно, суво, сончево и летно топло време со високи температури на воздухот за овој период од годината, кој во најтоплите централни и југоисточни предели ќе се искачат и до околу 30 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат. На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и [...]