ТЕРИТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ЗАФАТЕНА ОД СЕРИЈА ВЛАЖНИ ВОЗДУШНИ БРАНОВИ…ПОГЛЕДНЕТЕ КОГА!

објавено на:

14 Ное 2022

од:

сподели:

Во следните часови, како и утре во западните предели ќе има појава на повремен локален дожд со слаб до умерен интензитет.

Веќе од четврток па натаму нашата територија ќе биде зафатена од серија на влажни воздушни бранови од запад. Ќе има повремени врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ  а ќе има услови и за ретка појава на нестабилност, проследена со појава на грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Температурите ќе бидат без поголеми промени и тоа максималните, додека минималните утрински температури на воздухот од средината на неделава насекаде ќе бидат над нулата.

И во Скопскиот регион од четврток ќе има повремени врнежи од дожд  а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од јужен и од југоисточен правец.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости