ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ: Денес и утре значително посвежо!
До крајот на денешниот ден, како и утре (петок) како што и најавив ќе имаме позначителен пад на температурите на воздухот, а времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд, особено во западните предели.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој особено Долж Повардарието до крајот на денов повремено ќе засилува на интензитет.
И во Скопскиот регион времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, до крајот на денов повремено умерен ветер од југоисточен правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени. Во Скопје температурата ќе се искачува исто така до околу 22 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Под влијание на циклонска активност со центар југоисточно од нас, во деновите петок, сабота и недела (22/23/24 Мај 2026) во Македонија повторно очекувам поголема дестабилизација на атмосферата. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно на повеќе места со појава на пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен и од североисточен правец. Локално атмосферските процеси [...]


by