Температурите ќе бидат под просекот, ќе имаме и пообилни врнежи од дожд!
Под влијание на поголем влажен бран од Медитеранот, оваа ноќ и утре (петок 17 октомври) во нашата Република Македонија ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните и во југозападните предели каде тие ќе бидат пообилни а утре (петок 17 октомври) во текот на денот врнежите ќе се прошират и на другите места како и во Скопје и околината и повремено ќе бидат со умерен интензитет.
Поради продорот на поладен воздух од североисток, на високите планини (над 2000 метри надморска височина) ќе има услови за повремен снег.
Локално за време на овој влажен бран ќе наврне позначително количество на воден талог (во западните и во југозападните предели од нашата Македонија над 20 литри на метар квадратен дожд). Ќе дува слаб до умерен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет и тој ќе биде од југоисточен правец долж Повардарието а во западните предели ветерот ќе биде од источен и од североисточен правец.
Што се однесува до температурите тие ќе бидат под просекот за овој период од годината и утре наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 13 степени, во Скопје до околу 12 степени а максималните дневни температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени, во Скопје таа ќе се искачи до околу 13 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Поради интензивните врнежи од дожд и силните ветрови што ја погодија Лигурија, во тој италијански регион беа регистрирани околу 252 интервенции на пожарникари. Најголем број интервенции имаше во Џенова, каде што врнежите достигнаа 95 мм за 12 часа. Прогнозите предвидуваат понатамошно влошување на временските услови, со повеќе врнежи во наредните часови, објавува RAI Uno. Во областа Алта Версили, во [...]


by