ТЕМПЕРАТУРИ ПОВИСОКИ ОД НОРМАЛНИТЕ ЗА 12-13 СТЕПЕНИ: Следната седмица на Балканот доаѓаат нов топол бран од Африка и температури од над 30 степени

Следната седмица на територијата на целиот Балкански Полуостров повторно очекуваме невообичаено високи температури за овој период од годината (тие ќе бидат повисоки од нормалните дури за 12-13 степени). Што значи дека ширум регионот ќе се мерат температури и над 30 степени, дури понекаде тие би можеле да се искачат  и до околу 35 степени.

Овој пат од топлотниот бран ќе биде зафатен и поголем  дел од Европскиот Континент.

Кај нас во Македонија покачување на температурите очекуваме уште од овој викенд, кога тие ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 29 степени. Уште повисоки температури кај нас во Македонија очекуваме следната седмица.

Што се однесува до времето, тоа ќе биде стабилно и суво без врнежи.







Занимливости