ТЕМПЕРАТУРИ ДО 20 СТЕПЕНИ, ЦИКЛОНСКА АКТИВНОСТ, ВРНЕЖИ И СИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР! ПОГЛЕДНЕТЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛАТА СЕДМИЦА…..

Во текот на новата седмица, поточно од утре па во деновите потоа нашата територија ќе се наоѓа под влијание на ИЗРАЗЕНО ЈУЖНО воздушно струење и циклонска активност од запад. Ќе дува ЗАСИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец а ќе има и повремени врнежи од дожд. Истите повремено и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.

На планините над 1700 м.н.в ќе има врнежи од снег, и тоа особено во западните предели.

Температурите како утринските, така и максималните дневни ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ за овој период од годината и максималните дневни температури речиси насекаде ќе се искачуваат над 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат до околу 20 степени.

Да напоменеме дека за време на оваа циклонска активност, локално ќе има услови и за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и силен јужен ветер.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости