СУШЕН ПЕРИОД БЕЗ СНЕГ И ДОЖД, НО СО ПОВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ ПРЕКУ ДЕН! ОВА СЕ НАЈНОВИТЕ МЕТЕО ДЕТАЛИ…

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон), во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност.  Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот во недела и тоа особено Долж Повардарието ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет.

Во недела исто така краткотрајно облачноста ќе се зголеми и особено во северните и северозападните планински предели ќе провејува слаб снег.

Во текот на следната недела ќе продолжи стабилното, суво и сончево време без врнежи (СУШЕН ПЕРИОД).

Наутро температурите и понатаму ќе бидат НИСКИ и особено во Малешевијата и во северозападните високи планински предели ќе се спуштат до околу, па и под -10 степени. Преку ден студот ќе попушти, што значи ќе биде малку потопло со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.

Натпросечно високи температури ќе имаме следната недела кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.

Во Скопје и околината исто така времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност. Само во недела ќе има повеќе облачност и особено на околните планини локално ќе има услови за провејување на сосема слаб снег. Особено во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -8 и -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 5 и 8 степени.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!