Студот малку ќе попушти, Антициклон во Македонија носи магла во котлините
Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на Антцициклон, односно поле со висок воздушен притисок кое условува да имаме стабилно, суво, тивко но многу ладно време со многу ниски температури на воздухот, особено ниски температури имаме во ноќните и во утринските часови. Сепак, студот во следните денови малку ќе попушти особено преку ден кога температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени а во Скопје и околината температурата деновиве ќе се искачува до околу 7 степени.
Наутро пак иако температурите ќе бидат под нулата, сепак и наутро студот малку ќе попушти односно температурите нема да бидат екстремно ниски како изминативе неколку утрини кога во Македонија имавме исклучително ладно време со екстремно ниски температури на воздухот.
Во ваква ситуација кога е активен Антициклон и поле на висок воздушен притисок во зимскиот период, во следните неколку денови по котлините и по речните долини кај нас ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност која особено изразена ќе биде во утринските и повторно во ноќните часови.
Барем одсега гледано нови пообилни врнежи од дожд и од снег и нова снежна покривка во Македонија очекувам на 21 Јануари (Среда).
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вчерашното попладне Понеделник 8 Јуни 2026 во Македонија донесе поголема дестабилизација на атмосферата и развој на конвективни облачни грмотевични јадра на повеќе места во Македонија кои беа проследени со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Најинтензивни атмосферски процеси имаше во Охридско - Струшкиот регион како и во Преспа каде имаше појава на силно [...]


by