СТУДЕНО ВРЕМЕ – ОД УТРЕ ПА НАТАМУ ЛОКАЛНО СО ПОСЛАБИ ВРНЕЖИ ПРЕТЕЖНО ОД СНЕГ! ОВА СЕ НАЈНОВИТЕ МЕТЕО ДЕТАЛИ…

Продолжува периодот на променливо облачно и СТУДЕНО време со сончеви периоди и истите повремено и тоа особено денес ќе бидат подолги.

Од утре па натаму повремено и локално ќе има послаби врнежи од снег, само во некои од пониските места ќе има послаби врнежи од дожд и снег или влажен снег.

Во петок како и за време на викендот и тоа особено Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата и истите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени.

Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 12 степени во најтоплите југоисточни предели од Македонија.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, односно од утре па натаму повремено ќе има услови за проврнување на дожд и снег или на влажен снег. Исто така од петок па за време на викендот  ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -2 и 0 степени, додека максималната температура ќе се искачува до околу 8 степени.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!