Студено утро во Македонија, на Попова Шапка има речиси 40 сантиметри снег
Утринава во Македонија на повеќе места има зголемена облачност, а по одделни котлини има магла и ниска облачност. Најниска температура од градовите до 7 часот утринава е измерена во Крива Паланка, и тоа -3 степени, додека во исто време највисока температура е измерена во Гевгелија, и тоа 5 степени.
На Попова Шапка пак снежната покривка измесува 39 сантиметри, во Маврово 28 сантиметри и во Крушево 5 сантиметри.

На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени по градови и места во Македонија утринава до 7 часот, и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (Сабота 15 ноември) во нашата Република Македонија помина во знакот на натпросечно топло време за овој период од годината и со стабилно, суво и претежно сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Нашата Македонија е под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој од југ и југозапад продира кон нашиот дел од [...]


by