СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Измерена е најниска температура од -7 степени, сепак, полека започнува промената на времето

Денешното утро во Македонија беше студено насекаде, каде температурите во најголем дел од државава се спуштија под нулата, па така до 7 часот утрово најстудено беше во Берово со измерени -7 степени, додека највисока минимална температура во исто време беше измерена во Крушево, и тоа 2 степени.

На табелата можете да ги погледнете  и останатите температури измерени утринава до 7 часот по градови и места во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.

Инаку од запад облачноста се зголемува, па така на повисоките планини провејува и слаб снег. Ова е најава за надоаѓање на најавениот ладен и влажен воздушен бран од Арктикот. Најнова детална метео анализа токму околу ова следува во следните мои метео објави.

Инаку снежната покривка до 7 часот утринава изнесуваше 45 сантиметри во Маврово, 44 сантиметри на Попова Шапка, 15 сантиметри во Крушево и 5 сантиметри во Лазарополе.







Занимливости