СТУДЕНО СО НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ ВЕЧЕРВА ВО МАКЕДОНИЈА: Измерени се само 4 степени, температурите до изутрина одат во минус!
Вечерва во Македонија имаме студено време со ниски температури, кои речиси насекаде се под 10 степени, а на повисоките места и на планините тие се и под 5 степени. Сето ова е поради влијанието на студената воздушна маса од север.
На картата можете да ги погледнете вечерашните температури измерени во Македонија. Да напоменам, до изутрина температурите ќе се спуштат во интервалот од -2 до 6 степени. На повеќе места, особено на повисоките населени места, како и на планините не се исклучува и појава на слана и на мраз. И во Беровскиот регион до изутрина температурата ќе се спушти под нулата.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во изминатите 24 часа во Македонија имавме многу нестабилна Атмосфера, и тоа поради притката фронтална долина која е распространета во југоисточна Европа, секако и во нашата Република Македонија. На повеќе места се забележаа поројни врнежи од дожд, грмежи како и засилен ветер. Процесите локално беа и поинтензивни во форма на невреме. На табелата можете да ги видете денешните измерени [...]