СТУДЕНО, ПОВРЕМЕНО И ВЕТРОВИТО ВРЕМЕ СО ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР – ПОВРЕМЕНО ЌЕ ИМА СЛАБИ ВРНЕЖИ ОД СНЕГ, ОСОБЕНО ОД ЧЕТВРТОК!
Продолжува периодот на СТУДЕНО и променливо време со сончеви периоди. Повремено и локално ќе провејува слаб снег.
Исто така повремено ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец.
Минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, и истите понекаде ќе се спуштаат близу -10 степени. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени. Во најтоплите југоиточни предели температурите повремено ќе се искачуваат до околу 11 степени.
Во Скопје и околината исто така времето ќе биде студено, повремено и ветровито со умерен до засилен ветер од северен правец. Наутро температурата ќе се спушта до околу -2 степени, додека максималната ќе се искачува до околу 5 степени.
Поради продор на уште постуден воздух од север кој ќе ни донесе уште пониски температури на воздухот барем одсега гледано ќе имаме од петок па за време на следниот викенд. Повремено и локално ќе има слаби врнежи од снег.
Сето ова ќе биде проследено и со засилен, повремено СИЛЕН ветер од северен правец.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија беше исклучително ладно, па така до 7 часот утринава најладно беше во Берово со измерени -9 степени, а највисока минимална температура во исто време беше измерено во Охрид, и тоа 1 степен над нулата и тоа поради облачноста која се задржа во овој дел од Македонија. Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и [...]