СТУДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Денешното утро донесе најниска температура од -6 степени, снежната граница се спушта!
Денешното утро во Македонија донесе значително пониски температури, и тоа поради што од север започнува да се спушта значително постудена воздушна маса, која во текот на денов врнежи од снег ќе донесе понекаде и во градовите, особено во западните и во северните предели од Македонија. Во Скопје снег ќе врне на околните планини, како и во повисоките делови од котлината.
Најниска температура од -6 степени ова утро до 7 часот е измерена на Попова Шапка, а во исто време од градовите најстудено е во Крушево со -1 степен. Највисока минимална температура ова утро до 7 часот е измерена во Гевгелија, и тоа 6 степени. На Попова Шапка снежната покривка изнесува 34 сантиметри, во Маврово 29 сантиметри и на Ѓуриште 7 сантиметри.
На табелата можете да ги погледнете и останатите минимални температури измерени утринава до 7 часот по градови и места во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.
Уште да напоменам дека до 7 часот утрово најмногу воден талог има наврнато во Пожаране, и тоа 28 литри на метар квадратен.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во овие попладневни часови во нашата Република Македонија имаме појава на умерена облачност, а понатаму во следните часови ќе има и локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Инаку, температурите и не се воопшто високи како што доликува за овој период од годината, напротив, тие и понатаму се потпросечни за овој период од годината. На метеоролошката карта [...]