СТУДЕН БРАН СО СЕБЕ НИ НОСИ ДОЖД, СНЕГ, СНЕЖНА ПОКРИВКА И ВЕТЕР СО БРЗИНА ОД НАД 70 КМ/ЧАС! ОВА СЕ НАЈНОВИТЕ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ…
До крајот на денешниот ден во Македонија и понатаму ќе имаме вистинско ПРОЛЕТНО време со ПРОЛЕТНИ температури на воздухот.
Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, утре уште од утринските часови од запад ќе се прошируваат нови врнежи од дожд, додека на планините ќе врне СНЕГ.
Кон крајот на утрешиот ден и во четврток ќе дува ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од северен правец кој ќе услови ПОЗНАЧИТЕЛНО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето, па така освен на планините, повремени локални послаби врнежи од снег ќе има и на местата со надморска височина од околу, па и под 1000 метри.
Четврток ќе биде речиси зимски ден со потпросечни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени, меѓутоа поради силниот северен ветер температурите ќе се чувствуваат како да се пониски од реално измерените.
Ветерот во четврток повремено и локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час, додека во петок наутро температурите речиси насекаде ќе се спуштат под нулата, со што се очекува појава на мраз. На повисоките места и на планините врнежите од снег ќе условат формирање на нова снежна покривка.
Во Скопје очекуваме слично време, со ЗНАЧИТЕЛНО НАМАЛУВАЊЕ на температурите во четврток, како и ЗАСИЛЕН северен ветер, но и нови врнежи од дожд утре.
НАПОМЕНА: Поради НАГЛИТЕ промени на времето, Биометеоролошките услови овие денови ќе бидат МНОГУ НЕПОВОЛНИ, па така кај метеопатите се можни ЗНАЧИТЕЛНИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ. Токму поради ова на истите ги советуваме да се обратат кај својот матичен лекар за совет, но и редовно да ја земаат препишаната терапија од истиот.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]