СТУДЕН БРАН ОД СЕВЕР: Се очекува врнежите од дожд да преминат во снег, со што ќе има појава и на мраз!
Врнежите кои повторно ќе започнат од следните часови во Македонија, и тоа поради продорот на уште постуден воздух од север, ќе преминуваат во снег и на местата со надморска височина од под 1000 метри, па така врнежи од снег ќе има и во повисоките населени места низ Македонија.
Провејување на снег ќе има понекаде и во градовите, особено во западните и во северозападните предели. На повисоките места и планините, како и на Скијачките центри ќе дојде до формирање на нова снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри, понекаде може таа да биде и поголема.
Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието.
Во Скопје и околината провејување на снег се очекува на околните планини, како и во повисоките предели од котлината. Ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец.
- НАПОМЕНА: Поради ниските температури кои се очекуваат, се очекува појава на мраз, што значи возачите особено доколку се движат кон планинските превои и Скијачките центри да бидат крајно внимателни.
Во петок, како и за време на викендот ќе имаме релативно стабилно и суво време, што значи дека ќе одмориме од многу променливото време и врнежите, но наутро ќе биде уште постудено и температурите речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, што значи дека ќе имаме појава на мраз.
Најстудено преку ден ќе биде во петок и тоа со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 8 степени. Во деновите од викендот ќе биде малку потопло преку ден, но и понатаму со негативни температури наутро.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]